Времето од крајот на XVIII до средината на XIX век, е период на сеопшт економски, црковно-просветен и уметнички подем на манастирот Бигорски. Способните и вешти игумени, Иларион, Арсениј и Јоаким во овој период го оформуваат големото властелинство на манастирот, преку купување на земјишни имоти, куќи и дуќани од Елбасан и Прилеп до Гостивар и Скопје. Тогаш неуморниот архимандрит Арсениј во близина на Дебар го создава метохот во с. Рајчица со црквата Св. Ѓорѓи, како и метохот во непосредна близина на манастирот, во село Требиште, каде ја гради и црквата Св. Ахил.

Метохот во село Требиште почнува да се оформува околу 1820 г., кога игуменот на манастирот Бигорски, Арсениј купува неколку ниви и други имоти во селото. Подоцна, во 1835 г., на земјата од метохот во Требишта се градат помали објекти за екомонски потреби на манастирот, а во 1840 г., е изградена и црквата посветена на Св. Ахил, епископ на градот Лариса и еден од 318 црковни отци - учесници на првиот Екуменски собор во Никеја 325 г. Подоцна култот на овој угледен црковен архиереј од првите векови на христијанството добива ново жариште во Преспа, откако во 986 г., царот Самуил ги пренесува неговите мошти од Лариса на островот Ахил.

За градењето на црквата заслужни се јерејот Василиј и селаните од Требиште. Името на игуменот Арсениј не е наведено во ктиторскиот натпис, кој говори за градењето на црквата, бидејќи тој во 1839 г., се упокојува, но нема сомнение дека иницијативата била негова. Во истиот натпис не се спомнува и неговиот наследник, игуменот Јоаким, што значи дека тој се уште не бил избран за игумен на манастирот Бигорски.

По својата архитектура, црквата претставува еднокорабна градба со широка и профилирана осмострана купола над наосот и мала спратна галерија во западниот дел на припратата. Градена е од камен без употрена на тула и било каква керамопластична декорација, додека куполата е градена од убаво обработени камени блокови и јасно нагласен, профилиран венец под покривните камени плочи. Со своите складни димензии, надворешен изглед и внатрешно оформениот простор, црквата во с. Требиште можема да ја вброиме во група на идентични црковни градби, карактеристични за времето на Преродбата од XIX век во западна Македонија, а како најблиски аналогии би ги навеле црквите Св. Ѓорѓи во с. Рајчица, Св. Ѓорѓи во с. Лазарополе, Св. Никола во с. Тресонче, Св. Богородица во с. Гари.

Живописот во црквата е посебно интересен и тој е дело на Дичо Зограф. Фреско живописот е завршен во месец јуни 1850 г., како што е забележано во ктиторскиот натпис на западниот ѕид од наосот, во времето на Дебарскиот епископ Мелетиј и игуменот на манастирот Бигорски, Јоаникиј. Како ктитори на фреските се запишани Јован Велјаноски, кој го платил сликањето на куполата до евангелистите, а јеромонахот Теодосиј и свештенослужителот Аврам го платиле сликањето на фреските во поткуполните делови и најниската зона на наосот.

Во куполата е насликан Христос Седржител, Небесната Литургија и претстави на старозаветни пророци во тамбурот на куполата, додека во пандантифите се четворицата Евангелисти. Во поткуполниот простор се неколку сцени од циклусот на Големите празници, како и поединечни претстави на апостоли, маченици и светите лекари. Во најдолната зона од наосот, на јужнот ѕид, се претставени патронот на црквата Св. Ахил, придружуван од некоку свети отци и литургичари, додека на северниот се насликани светите воини. Во делот на олтарот единствено е живописана нишата на проскомидијата со композицијата на Христовото Оплакување. Дичо Зограф, претходно, 1849-1851 г., ги слика и престолните и празничните икони на иконостасот. Подоцна во 1861 г., го слика и надпрестолниот крст со Распетие Христово, Богородица и Јован Претеча.

Иконите во зоната на Деизсот и апостолите се дело на зографот Антониј Јованович и по сe изгледа се настанати околу 1840 година.

Црквата Св. Ахил во с. Требиште поседува и богат фонд на црковни книги, печатени во Киев, Москва, Белград и Цариград, како и еден итересен литиски бајрак, сликан во 1864 г., со претстави на патронот на црквата, Св. Ахил Лариски од едната и патронот на манастирот Бигорски, Св. Јован Крстител од другата страна. Бајракот е работен по непосредни сликани предлошки на неколкуте прекрасни литиски бајраци од Бигорскиот манастир, дело на Михаил и Димитриј ( Данил) од Самарина, а според стилските особености на иконописот, бајракот најверојатно е дело на браќата Макариеви од Галичник.



deutsche garantie binäre optionen broker Аудио
binäre optionen xtb http://posgrado.ipa.org.ar/?seyl=come-sapere-fare-le-opzioni-binarie&e21=ed come sapere fare le opzioni binarie opcje binarne konta demo strategie operazioni binarie binär optionen testkonto online geld verdienen binäre optionen opcje binarne traderzy För Viagra 200 mg master binaire opties nadelen köp Viagra på nätet Karlstad http://www.amtechinternational.com/?salsa=%D8%AA%D8%AF%D8%A7%D9%88%D9%84-%D8%A7%D9%84%D8%AE%D9%8A%D8%A7%D8%B1%D8%A7%D8%AA-%D8%A7%D9%84%D8%AB%D9%86%D8%A7%D8%A6%D9%8A%D8%A9-%D9%85%D9%82%D8%A7%D8%A8%D9%84-%D8%A7%D9%84%D8%B9%D9%85%D9%84%D8%A7%D8%AA-%D8%A7%D9%84%D8%A3%D8%AC%D9%86%D8%A8%D9%8A%D8%A9&074=21 تداول الخيارات الثنائية مقابل العملات الأجنبية