Љубов и кон непријателите

Еднаш еден монах тргна од манастир за да заврши некои обврски. Откако направи сè, тој тргна за назад. Ама, во еден миг заталка. Што да прави? Почна, значи, да се моли.

„Боже мој“, рече тој, „помогни ми“.

Набрзо потоа сретна некои минувачи и ги замоли да му го покажат патот што сакаше да го врви.

„Добро“, му рекоа тие, „оди по нас“.

Ама овие луѓе беа разбојници и гледајќи го така сам и непознат, сакаа да го одвлечат далеку за да го ограбат.

Монахот сфати дека тоа им и е на ум, но не рече ништо. Само се молеше Бог да го заштити.

Пешачеа, така, тие долго време, па дојдоа до една голема река и тука застанаа да се одморат.

Разбојниците беа сите собрани на едниот крај и тивко се договараа, а монахот си седеше преку патот и непрестајно се молеше.

Одеднаш, од речните води, се појави голем крокодил и се устреми на еден од разбојниците. Овој толку многу се уплаши, што се збуни и скамени. Тогаш монахот, бидејќи беше поприсебен, брзо го повлече и така го спаси.

ljubov_i_kon_neprijatelite.pngКрокодилот нурна во речните води, не успевајќи да го растргне разбојникот. Тогаш, овој, трогнат од добрината на монахот, му падна пред нозе и бараше прошка за злото што се спремаше да му го направи.

„Сакав да те убијам, додека ја минуваш реката“, му рече тој, „но љубовта твоја ме испревари“.

Монахот Му заблагодари на Бога што го сочува, а разбојникот го замоли монахот да му дозволи да остане со него. И навистина остана и стана совршен послушник.

Многу години поживеаја тие во пустината и во секоја погодна прилика, не пропуштаа да се потсетат на чудесниот начин на кој се сретнаа. 


binäre optionen broker auszahlung
http://sigbl.com/index.php?make-money-fast-for-kids.nuevotema fincar buy online Аудио
si può vivere con le opzioni binarie Аудио
binära optioner tips guadagnare trading binario test bdswiss ordering fincar online nachrichten für binäre optionen bdwiss scommessa azione binaria binäre optionen strategie 60 binär optionen demokonto buy seroquel online no prescription