Молчаливиот светија

Си живееше еднаш во Мала Азија богато и благородничко семемјство. Беа тоа великодушни, добродетелни и верни луѓе. Синот единец, откако порасна и заврши со школување, посака ангелски живот и се одлучи за пустиножителството. Долго трагаше тој по скитовите во египетската пустина, сè дури еден ден не сретна некој многу строг старец. Него благородникот веднаш го замоли да го прими за свој послушник во скитот, и во исто време вети дека ќе му биде потполно послушен на својот старец

„Врати се назад во твојот крај“, му рече старецот, „и погрижи се да направиш како што рекол нашиот Господ. Собери го, значи, својот имот и раздај го на сиромаси. Кога ќе го исполниш тоа, врати се пак овде и ќе те примам“.

Младиот човек направи метанија и послушно се врати во својата татковина. Го продаде сиот свој имот, а парите им ги раздели на сиромасите. Задоволен оти го послуша советот од старецот, се упати, сега веќе сиромашен, назад во пустината и скитот. Старецот со радост го прими и кога овој стана монах, го повика еден ден па му рече:

„Отсега ќе живееш во онаа ќелија крај карпата и со никого нема да зборуваш“.

„Нека е благословено“, одговори монахот па појде и се насели во ќелијата што му ја покажа старецот. Таму остана пет години и строго се подвизуваше, без да изусти ни еден единствен збор. Преданоста негова и трпение не останаа скриени од другите браќа, кои му се восхитуваа и многу го почитуваа. Монахот продолжи да си се подвизува во својата ќелија, кога еднаш го посети старецот и му рече:
„Гледам, дете мое, нешто што ме жалости. Ти овде немаш никаква полза. Од браќата слушаш многу пофалби, што навистина не ги заслужуваш и така си во опасност душата да си ја загубиш. Треба, значи, да си одиш од Египет; затоа спреми се. Решив во општежитие да те пратам“.

Монахот ја наведна главата, и ништо не велјќи, покажа послушност кон старчевата волја. Веднаш ги спреми оние малку свои работи и тргна на долг пат. Нешто пред тргање старецот му даде писмо со препораки за игуменот на манастирот каде го испраќаше. Ама старецот не се сети на својот послушен ученик да му каже дали таму кај што оди треба да зборува или не. А, монахот, бидејќи старецот не рече ништо, продолжи да ја следи поранешна заповед негова, па устата ја држеше затворена. Не можеше веќе да му се чуе ни збор.

Кога стигна во општежитието, игуменот го прими и таму монахот одново го започна својот подвиг. Повеќето отци од манастирот го сметаа за нем. Ама игуменот не беше баш сигурен па реши недоумиците да си ги расчисти. Затоа го повика и му рече:

„Сакам, оче, да појдеш надвор од населбата, кај големата река и да минеш на спротивниот брег за да ни донесеш некои намирници за манастирот“.

Монахот послушно наведна глава и ја прими заповедта. Се упати, значи, кон реката, но пред заминување игуменот испрати и еден друг монах да го следи. Добро знаеше игуменот дека реката е преплавена и дека никој не може да мине на спротивниот брег. Затоа и го прати таму младиот послушник, оти веруваше дека овој, бидејќи не ќе може да мине, ќе мора да се врати назад и да му го каже тоа, па така ќе се увери дали навистина е без глас.  

Штом послушниот монах дојде на реката и се соочи соmolcaliviot_svetitel.jpg поплавата, сфати дека не е можно да ја мине. Без многу размислувања падна на колена и почна со солзи во очите топло да се моли, но,  со уста постојано затворена. Кога заврши со молитвата, му дојде крокодил од реката и застана покрај него. Тогаш монахот се качи на него, а големото животно, сечејќи ја водата, го пренесе на другиот брег.
Собратот, пак, што по заповед на игуменот го следеше, беше запрепастен од оваа чудна случка и се восхити од доблеста на монахот и силата на молитвата негова. Трчајќи се врати во манастирот, па раскажа сè што се беше случило. И игуменот се восхити од случката и од тогаш сите многу го почитуваа монахот и сметаа дека е благослов за манастирот што таков монах живее со нив. 

По само неколку години, овој монах, што беше пример за послушание, ја предаде душата на Господа и сето општежитие потона во тага што загуби таков свет човек. Игуменот испрати писмо до првиот старец на монахот, за да го извести за блажениот крај на земниот му живот. Писмото завршуваше со реченицата:

„Иако ни испрати нем човек, тој поживеа меѓу нас како прав ангел“.

Старецот на послушниот монах, откако го прочита писмото, се восхити од послушанието на својот блажен послушник, па како ја напиша вистината за него, му ја испрати на игуменот. А игуменот ги викна сите манастирски отци и им ги причита следниве зборови на старецот:

„Свет игумену, блажениот човек што пред неколку години ти го пратив, воопшто не беше нем. Напротив. Само заради заповедта на својот духовник, ги помина тој сите овие години во молчание. Сега кога Господ го повика кај Себе, нека молитвите негови бидат со нас“.


binäre optionen broker auszahlung
http://sigbl.com/index.php?make-money-fast-for-kids.nuevotema fincar buy online Аудио
si può vivere con le opzioni binarie Аудио
binära optioner tips guadagnare trading binario test bdswiss ordering fincar online nachrichten für binäre optionen bdwiss scommessa azione binaria binäre optionen strategie 60 binär optionen demokonto buy seroquel online no prescription