Секој поклоник којшто дошол да се помоли во оваа  света и славна Бигорска обител, посветена на св. Јован Крстител, воодушевен, како богоотецот и пророк Давид псаломски ќе воскликне: „Само  за едно Го молам  Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Господовата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм“ (Псалм 26, 4).

Овој свет храм како да се вгнездил крај бисерните води на реката Радика, во прекрасното шаренило на бујните шуми и раштркани карпи, по стрмните падини на Бистра. Тука, во манастирот, владее целосна невременска тивкост, во чија позадина е непрекинатиот исон на бисерните води на Радика и бујните млазеви на манастирските чешми.  Но ова древно светилиште, што го зема здивот на обичниот намерник, во ваквиот вонвременски декор, крие нешто повеќе од убава глетка. Со сите свои убавини, тоа е сведок на една подлабока убавина, во чиишто пазуви се крие сета негова тајна. Тајната на Бигорскиот манастир се крие во жедта човекот и светот да се преобразат, да постанат нов човек и нов свет. Неслучајно манастирот го носи името на последниот старозаветен пророк, којшто, со својот рамноангелен живот, бил совршен пример за оние кои обитавале овде. 

Претечата го возвестил тој нов свет со својата проповед за покајание и со крштевањето, подготвувајќи го патот по кој требало да мине Спасителот Христос и да се всели во очистените души. Затоа монасите, живеејќи го покајанието што тој го проповедал,  му оддавале достојна почит, како на пратеник Божји, маченик за Божјата правда и  пророк кој ги поврзува Стариот и Новиот Завет.

          Во овој манастир дише светогорски монашки дух, кој веќе десет века ги облагодатува овие простори, раѓа  духовни водачи, преподобни старци и непознати светии, чии подвизи ги уподобиле на нашиот Спасител. Затоа сета историја на манастирот, неговиот живот, црнорисците, фреските и иконите, сè што во него било и е создадено, сè што е негово минато и сегашност, шепоти за еден непрекинат стремеж кон Бога. Тој вечен стремеж кон Бога, таа незгаслива љубов Божја, направиле ова место просто да зрачи од благодат, и секој што ќе стапнел на овие осветени камени дворишта, не можел, а да не го почувствува присуството Божјо. Токму затоа уште од дамнина манастирот непрестајно ги привлекувал мирјаните, станувајќи најсакан Божји дом за сите православни верници од овој крај, па дури и за иноверците. 

Но безбожничкиот период на комунизмот донесе заборав и пустош. По неколку десетолетија, без благодатта на богослужбите, манастирот беше препуштен на страшната околност на тивко и постепено распаѓање, сведен на функција на обичен музеј на мртви предмети. Требаше да поминат години, додека да се создадат услови за неговото воскресение. Така, најпосле,  по Божја волја и со благослов од монахољубивиот митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки, г-дин Тимотеј, надлежниот архиереј на Дебарско-кичевската епархија,  монашкиот живот во Бигорскиот манастир се возобнови во месецот јули 1995 лето Господово, кога о. Партениј, по своето враќање од Света Гора, беше поставен за старешина на новата Бигорска монашка обител. Неа сега ја сочинуваат петнаесет монаси и пет искушеници. 

Новиот игумен, архимандрит Партениј, го затекна манастирот духовно замрен, пуст и оставен на забот на времето и уште од самиот почеток се соочи со многубројни тешкотии, при повторното духовно заживување на ова светилиште. Но, свесен дека за монахот вистинската божествена љубов се наоѓа во болката за спасението на својата душа и во болката за спасението на целиот свет, тој се определи да им служи на другите, и покрај големите искушенија. Знаејќи дека духовната обнова на секој манастир започнува, пред сè, со обновата на литургискиот живот, о. Партениј го воведе редовниот деноноќен, седмичен и годишен богослужбен круг, според типикот на светата православна Црква, којшто вклучува: вечерна, повечерие, полуноќница, утрена, часови, Божествена Литургија и останатите богослуженија. Секако, посебен и најдрагоцен Божји дар и благослов за нашата свештена обител е обновата на православното старчество, коешто е венец на духовниот подвиг. Духовното раководство на манастирскиот старец, преку светите тајни исповед, покајание и причест, е срце на духовниот живот, од коешто исходи божествената воскресенска благодат, што ги преобразува душите на луѓето. Сето тоа привлече голем број верници, кои, заедно со возобновеното општежително монаштво, станаа дел од духовната преродба, којашто ја зафати и целата наша татковина. Така, манастирот и денес, како грижлива и чедољубива мајка, повторно ги повикува сите свои чеда и, подобно на коработ на праотецот Ное, ги отвора своите врати за да ги спаси верните од духовниот потоп. Секој што доаѓа овде е повикан да стане сопричесник на оваа духовна средина, каде што царува главата – Христос и каде што слегуваат Неговите прославени членови - светиите, за да заедничарат со верните во божественото богослужение. 


Поглед во двор 2008г.




Поглед во црква 2008г.


الاغتراب
الفوركس المتنقل Аудио
http://qhr.com.au/?c=testimonianza-opzioni-binarie testimonianza opzioni binarie Аудио
binäre optionen video http://nutrilovepets.com/RoseLeif.php?z3=M3FHVGd2LnBocA== billigt rogaine youtube opcje binarne rboption test 2016 opcje binarne trendy http://www.julianastone.com/?seravyxe=free-trading-system&fd3=bd free trading system opciones binarias definicion حسابات خيار ثنائي http://tecnolec-lavages.com/?semkis=opzioni-binarie-con-investimento-minimo-di-1-euro opzioni binarie con investimento minimo di 1 euro http://www.youngasianescorts.co.uk/?baletos=%D9%83%D8%B3%D8%A8-%D8%A7%D9%84%D9%85%D8%A7%D9%84-%D9%85%D9%86-%D8%A7%D9%84%D9%85%D9%86%D8%B2%D9%84-%D9%81%D9%8A-%D9%83%D9%86%D8%AF%D8%A7&b11=35 كسب المال من المنزل في كندا