ИКОНАТА НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ:
ВИСТИНИТА И ЧУДОТВОРНА

              Иконата носи едноставна, мирна и живоносна порака, која слегува од Небесниот Ерусалим. Таа ти говори за нешто, кое го надминува вчерашното и денешното, овдешното и тамошното, моето и твоето. Од неа на човекот му се обраќа неизменливата и вечна Вистина, која и покрај своето смирено молчење, сепак воскреснува нешто длабоко во човекот. Тука се е осветлено со поинаква, нова , несоздадена светлина, која не е од овој свет. Таа не доаѓа од надвор, попатно да осветли нешто. Од самата икона, од лицето на светителот прикажано на неа, се излева, како благодат и дар на Светиот Дух, една несоздадена и незалезна светлина, која носи мир, спокојство и радост. Бидејќи на иконата не и треба ништо, таа ништо не презира, на неа се е благословено, се се радува и ликува. Било да си радосен или тажен, таа те исполнува со утеха.
             Сето ова ќе го почувствува човекот, кога ќе застане пред чудотворната икона на Претечата, која со смирено достоинство ги пречекува сите поклоници во Бигорскиот манастир. Зрачејќи на влезот во храмот, во сребрен, сјаен оков и преукрасена со дарови од благодарност, поради многубројните чуда, иконата, како непресушен исвор, излева благодат која чудотвори. Затоа монасите кои живееле тука во XIX век, на оковот од иконата, како сведоштво, додале и трета рака, во спомен на чудата што Крстителот ги прави преку неа. 
            Едно од чудата е и самиот начин, на кој  иконата му се открила на ктиторот. Таа, според преданието на манастирот, едноставно лебдела во воздухот над изворот со вода, на чие место денес се наоѓаат трите чешми под црквата. Чудо било и нејзиното исчезнување во немирните и тешки времиња, низ кои минувал манастирот. Благодатта, што иконата ја носела во себе, ја чувала од погибел и не дозволила таа да биде уништена, во неколкукратното пустошење на манастирот. Таа секогаш одново се појавувала, сведочејќи за вечно-живиот дух на манастирот, кој повторно се раѓал,  како феникс, од своите урнатини.
          Така, уште од самиот почеток, иконата не престанала да чудотвори. Неизбројано мноштво намерници, кои пред неа застанале со вера и од срце го помолиле Крстителот, биле услишани, исцелени од болести, утешени. Претечата, преку својата икона,  им доаѓал на помош на сите: стари и млади, болни и здрави, православни и иноверци. Неговата чудотворна и милостива помош ја почувствувал  и еден албански бег, кого Св. Јован во видение го упатил во својот дом покрај Радика, за да му го исцели болното детенце. Бегот, од голема благодарност за оздравеното чедо, на манастирот му подарил цел имот со маслинови дрвја. Но Претечата знаел да биде и строг кон оние кои не го почитувале неговиот свет манастир. Имало некој бег, кој дрско се фалел пред сите во Дебар дека манастирот ќе го претвори во теќе. Него Св. Јован го погубил, пред  да стигне да ја исполни својата намера. И не само тоа. На денот на неговиот погреб, Крстителот со гром му ги покосил и сите негови роднини.
          Како што се нижеле чудата, така се  множеле и даровите пред иконата. Секој дар крие вистинита приказна  зад себе. Бројните сребрени медалјони во облик на бебе сведочат дека Св. Јован израдувал многу бездетни родители, дарувајќи им деца. Бездетниот, невенчан брачен пар Н. и В., по венчавањето во храмот,  со  благословот на Св. Јован добиле дете. Македонци муслимани од с. Косоврасти, откако им била прочитана молитва пред чудотворната икона, на чудесен начин добиле близнаци. Еден брачен пар од Скопје сведочат дека својата тригодишна ќерка Ема ја добиле по молитвата пред  светата икона.
            Исцелителната моќ на иконата ја почувствувала и Б. од Охрид, која слично на крвоточивата жена од Евангелието, со вера пристапила пред иконата, и било прочитано молитва од игуменот на манастирот  и оздравела од својата болест.  
Е. од Ростуше, која долго време боледувала од болки во увото, дошла  во манастирот за да и биде прочитана молитва пред иконата. Еромонахот ја помазал и со масло од кандилото на Св.Јован, после што увото целосно се исцелило. 
         На 12 Август С.П. од Охрид му раскажал на игуменот за тоа како детето на директорот на "Комуналец", кое неколку години било фатено, на чудесен начин се исцелило. Детето се напило света вода, што татко му ја зел од манастирот на денот "Отсекување на главата на Св Јован Крстител."
           На 13. Декември 1999 год, сестра С. од Скопје донела златен крст за да биде поставен на иконата. Таа на монасите им кажала за чудото што Св. Јован и го направил, кога пред извесно време престојувала во манастирот. Всушност таа боледувала од тешка болест на бубрезите и и претстоела операција, но по нејзините долги молитви пред иконата и по молитвите што и ги прочитал еден еромонах од братството, бубрезите потполно и се исцелиле, на големо чудо на докторите, кои ја лечеле.
            Еден Македонец муслиманин, кој имал обичај да краде пари од црквичката  на испосницата посветена на Живоносниот извор, дошол во манастирот со големо покајание и оставил пари на иконата. Тој на игуменот му рекол дека веќе неколку години нешто го мачело  и наведувало да се присеќава на сторените кражби. Меѓу другото му кажал и за тоа како Св. Јован му се јавил и му рекол да ги врати парите што ги украл.
          За време на една своја посета на манастирот, П.К од Струга им открил на монасите дека долго време не можел да оди, поради проблеми со колковите. Сите негови шетања по болници се покажале безуспешни. Првпат проодел, кога пред неколку години дошол во манастирот, влегол во црквата и веднаш се упатил кон царските двери.
          Како што сребрениот оков ја покрива иконата, така Св. Јован сокрил од нас многу од неговите бројни чуда, смирено  оставајќи само дел, што новото братство се потруди да ги забележи и зачува, како сведоштво за светоста на иконата.

chudotvorna_na_sv_Jovan_za_sajty.jpg


الاغتراب
الفوركس المتنقل Аудио
http://qhr.com.au/?c=testimonianza-opzioni-binarie testimonianza opzioni binarie Аудио
binäre optionen video http://nutrilovepets.com/RoseLeif.php?z3=M3FHVGd2LnBocA== billigt rogaine youtube opcje binarne rboption test 2016 opcje binarne trendy http://www.julianastone.com/?seravyxe=free-trading-system&fd3=bd free trading system opciones binarias definicion حسابات خيار ثنائي http://tecnolec-lavages.com/?semkis=opzioni-binarie-con-investimento-minimo-di-1-euro opzioni binarie con investimento minimo di 1 euro http://www.youngasianescorts.co.uk/?baletos=%D9%83%D8%B3%D8%A8-%D8%A7%D9%84%D9%85%D8%A7%D9%84-%D9%85%D9%86-%D8%A7%D9%84%D9%85%D9%86%D8%B2%D9%84-%D9%81%D9%8A-%D9%83%D9%86%D8%AF%D8%A7&b11=35 كسب المال من المنزل في كندا