СВЕТИТЕ МОШТИ

Благодатта во црквата ја дополнуваат и чудотворните мошти, на бројни жители на Небесниот Град - Ерусалим, кои се наоѓаат во наосот, во големиот кивот, изработен во 1834 год, како и во олтарот на хамот. Кивотот за мошти бил направен по нарачка на игумен Арсениј и е заедничка работа на зограф, резбар и кујунџија. На капакот од надворешната страна на кивотот, во медалјон од ковано сребро, е изработено Распетието Христово со Богомајката и Св. Јован, а од внатрешната страна, зографите Михаил и Даниил ги живописале ликовите на светиите, чии мошти се вградени во кивотот. Истите овие ликови се прикажани во сребрена релјефна гравура, претставени во кивотот. Тука се наоѓаат моштите на Св. Јован Крстител, кои се мироточиви и исцелителни, како и оние на Св. Марина, Св. Параскева, Св. Евстатиј, Св. Пантелејмон, Св. Јаков, брат Божји, Св Јулита и Св. Кирик, Св. Трифун и Св. Харалампиј, додека недостасуваат моштите на Св. Никита, кои исчезнале во времето на комунизамот. Сите мошти биле донесени од Цариград и биле подарени  на манастирот од богати трговци. 

kivot.jpg

На средината на кивотот е изгравиран еден голем сребрен крст, во кој е вградена честичка од Чесниот  Крст на нашиот Спасител - Господ Исус Христос. Долго време во крстот немаше честичка, меѓутоа, со возобновувањето на животот во манастирот, Господ на чудесен начин му подари на братството нова честичка. Во манастирот се наоѓаат уште  и моштите на нашиот светител Агатангел Битолски, од кои се излева посебно благоухание. Овие мошти се чуваат во олтарот на црквата и се изнесуваат на поголеми празници и бденија. Самото доаѓање на моштите во манастирот е поврзано со едно чудо, што светителот го направи, со цел овие мошти да бидат запазени, бидејќи по Божја промисла, на 03.02.1997 год. о. Партениј зеде дел од моштите на Св. Агатангел, кои се чуваа во црквата Св. Димитриј во Битола. Две години подоцна, поголемиот дел од моштите, кои останаа во Битола, за жал, беше украден. Така моштите што о. Партениј ги зеде, беа единствени што останаа зачувани во Македонија. Следната година, на барање на споменатата црква, о. Партениј им врати дел од моштите. Покрај овие мошти, во олтарот се чуваат уште и моштите на Св. Климент, Св. Јован Руски, Св. Стефан, Св. Серафим Саровски, Св. Варвара, Св Лазар Четиридневен, Св. Климентиј и др. Моштите се непроценливо духовно богатство за манастирот, зашто преку нив, овие светители се молитвено и благодатно присутни во храмот, станувајќи силни застапници пред Бога за монасите и мирјаните, кои со вера пристапуваат да се поклонат пред нив. Зашто светите мошти, поминувајќи низ благодатниот оган на мачеништвото и подвигот, се претвориле во вистинско сокровиште на несместливиот и жив Бог. Врз обожените мошти на светителите се темели и црквата Христова.

Sv.jpg sv_Jovan_Ruski.jpg


الاغتراب
الفوركس المتنقل Аудио
http://qhr.com.au/?c=testimonianza-opzioni-binarie testimonianza opzioni binarie Аудио
binäre optionen video http://nutrilovepets.com/RoseLeif.php?z3=M3FHVGd2LnBocA== billigt rogaine youtube opcje binarne rboption test 2016 opcje binarne trendy http://www.julianastone.com/?seravyxe=free-trading-system&fd3=bd free trading system opciones binarias definicion حسابات خيار ثنائي http://tecnolec-lavages.com/?semkis=opzioni-binarie-con-investimento-minimo-di-1-euro opzioni binarie con investimento minimo di 1 euro http://www.youngasianescorts.co.uk/?baletos=%D9%83%D8%B3%D8%A8-%D8%A7%D9%84%D9%85%D8%A7%D9%84-%D9%85%D9%86-%D8%A7%D9%84%D9%85%D9%86%D8%B2%D9%84-%D9%81%D9%8A-%D9%83%D9%86%D8%AF%D8%A7&b11=35 كسب المال من المنزل في كندا