Четврток од Третата седмица на Великиот Пост

За чистотата на срцето

228940.b.jpg

Преп. Симеон Нов Богослов: Во чистото срце дејствуваат не една, не две, не десет добродетели, туку сите заедно, слевајќи се, така да се каже, во една добродетел. 

Преп. Исак Сирин: Чистотата на душата е првоначалниот дар на нашата природа. Без чистота од страстите, душата не може да се излечи од болеста на гревот и не може повторно да ја стекне славата што ја изгуби со престапот. 

Блажен Дијадох: За чистата душа се својствени непристрасен збор, незлобива ревност и непрестајна грижа за славата Господова. Тогаш (кога душата е чиста), тогаш и умот го урамнотежува својот сад (како што се урамнотежуваат тасовите на вагата), и станува трезвен во сите свои расудувања, како во чиста и непоткуплива судница. 

Св. Јован Кронштадски: Што е тоа чисто срце? Кротко, смирено, нелукаво, простодушно, доверливо, нелажно, несомнежливо, незлобливо, добро, некористољубиво, незавидливо, непрељубодејно. 

Преп. Јован Карпатски: Кој сака да биде наречен мудар, и разумен, и пријател Божји, тој нека се труди усрдно душата своја да ја претстави пред Господа, таква каква што од Него ја примил: чиста, неповредена и целосно непорочна. За тоа ќе биде овенчан на небесата и ублажуван од ангелите. 

Преп. Симеон Нов Богослов: Чисто срце, сметам јас, има оној кој не само што не се тревожи и растажува од каква било страст, туку дури ни не помислува на нешто лошо и мирско, па и кога би го сакал тоа, и само споменот за Бога го чува во себе со неодолива љубов. Бидејќи окото на душата – умот, кога ништо не го попречува неговото созерцание, чисто во чиста светлина Го гледа Бога. Срцето е чисто и се нарекува така, кога не наоѓа во себе никаква световна помисла, туку целосно е прилепено кон Бога и соединето е со Него така, што да не си спомнува воопшто за нешто световно, ни тажно, ни радосно, туку пребива во созерцание, се вознесува до третото небо, се восхитува во рајот гледајќи го наследството на благата што им се ветени на Светиите, што всушност се однесува на вечните блага, колку што се можни тие за немоќта човечка. Ете што е знак на чистотата срдечна и сигурен показател, според кој секој може да си ја определи мерката на својата чистота и да се види себеси како во огледало. 


traden met binaire opties
بحث ورقة المدى Аудио
broker option navigator Аудио
binäre option demo trader http://biologischewinkelutrecht.nl/component/k2/golden-coffee-box/14-golden-coffee-box binaire opties belgie http://melroth.com/?komp=trading-simulator&951=e7 trading simulator wiki/opcja binarna broker opzioni binarie a confronto simulazione trading online opzioni binarie http://www.studio-asnieres.com/?serimepoke=articulo-opciones-financieras articulo opciones financieras corso di trading in opzioni http://300seconds.co.uk/?sefer=las-mejores-se%C3%B1ales-para-opciones-binarias las mejores señales para opciones binarias