Петок од Третата седмица на Великиот Пост

За гревот и покајанието

orthodox_monk.jpg

Од книгата „Седум смртни гревови“: Гревот е престапување на законот Божји, неисполнување на Светите заповеди Божји. Човекот може да згреши со дело, со збор, со помисла, свесно, несвесно, волно и неволно. 

Грешиме „со дело“ кога правиме нешто противно на заповедта Божја. Ако човекот се предава на прејадување, пијанство, лакомство, тој греши против заповедта Божја. Крадењето, грабежот, убиството и другите слични постапки се исто така гревови со дело. 

Гревот „со збор“ е кога зборот е противен на волјата Божја. На пример празни разговори и зборови. Господ Исус Христос, забранувајќи го тој грев, вели: „И ви велам дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден“. (Мт. 12, 36). Доколку го разобличуваме со зборови нашиот ближен, го прекоруваме, доколку кажуваме очигледни неправди против него, се жалиме на него несправедливо, го клеветиме од омраза, ние грешиме против заповедта Божја: „Не сведочи лажно против својот ближен“. Овие гревови со збор често стануваат поштетни од многу гревови со дело и можат да стојат на исто рамниште со човекоубиството. 

Грешиме „со помисла“ доколку имаме било какви желби, противни на љубовта кон ближниот, кога постапуваме против заповедта Божја: „Не посакувај ништо што е туѓо“. Гревот со помисла е исто толку тежок како и гревот со дело или збор и строго се забранува во Светото Писмо. 

„Свесни“ гревови се оние што ги правиме, иако знаеме дека се забранети со законот Божји, но ги вршиме според нашите страсти – од гордост, злоба, мрзливост и слично – и се оправдуваме себеси со лажни аргументи. Постапувајќи така, достојни сме за прекорот што му го упати господарот на својот лукав и мрзлив слуга (види Мт. 25, 26 - 30). 

„Несвесните“ гревови, произлегуваат од слабоста на нашата човечка природа. Многу е тешко да се запазиме себеси од овие гревови и да се заштитиме од нив. „Кој може да ги согледа своите грешки?“ (Пслм. 18, 12), вели пророк Давид, односно кој може да ја спознае својата грешка направена во незнаење. Бидејќи и тоа е грев, можно е и од него да се сочуваме; затоа тој додава во молитвата „и од тајните мои очисти ме“ (Пслм. 18, 12), односно од гревови што сум ги направил во незнаење и по слабоста моја, кои или ми се непознати, или не ги помнам, или, пак, дури и не ги сметам за гревови. 

Да се греши „волно“ значи да се греши намерно и од злоба. Апостол Павле вели вака за овие гревови: „Зашто, ако, откако ја познавме вистината, своеволно грешиме, тогаш нема веќе жртва за гревови.“ Ако отстапиме од Христа и свесно се кренеме против Него, не можеме да добиеме прошка, како што се изјаснува за тоа Апостолот велејќи: „Зашто оние, кои веднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух. И откако вкусија од добриот збор Божји и од силите на идниот век, отпаднаа, - не е можно пак да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси Го распнуваат Синот Божји и Го хулат“ (Евр. 6, 4 - 6). Но она што е невозможно за човекот можно е за Бога: посебна милост Божја може да се допре до срцето на грешникот и да го врати на патот на вистината. 

„Неволниот“ грев е оној кого човекот го прави против својата волја и желба. 

Од големото мноштво на гревови, најглавните, најтешките гревови се именуваат како „смртни“, бидејќи за непокајаниот грешник кој упорно пребива во нив, после смртта телесна настапува и смрт душевна, а заедно со неа и вечно оддалечување од Бога и погибел. Има седум смртни гревови: гордост, среброљубие, блуд, завист, стомакоугодие, мрзливост и гнев. Од тие гревови како од семе на мајка, се раѓаат сите останати гревови. Но доколку ги искорениме тие седум гревови, тогаш сите нивни деца, сите останати гревови ќе исчезнат. 

Преп. Ефрем Сирин: Пресветиот Бог, Единствениот, Безгрешниот, од љубов кон тебе не Го поштеди ни Единородниот Свој Син, а ти беден грешнику, кој не се каеш, ни најмалку не се сакаш самиот себе! 

Св. Јован Златоуст: Бога не го разгневуваат толку гревовите направени од нас, колку нашата утврденост во намерата да не се промениме. 

Св. Јован Кронштадски: Пред сѐ, треба да имаме покајание за своите гревови. Но тоа многу често, ние духовниците не го гледаме кај своите духовни чеда. Многу од вас доаѓаат на исповед  со совршена рамнодушност. И доколку не ве прашаат нешто, ништо и не би рекле, или би рекле само воопштено, тоа дека сте грешни во сите гревови. И барем тоа да го кажувате со срдечно сознание за својата вина! Туку не, без никаква свест за гревовите, а само така, колку побрзо да завршите со исповедта. Возљубени мои, да не го претвораме делото на крајното милосрдие Божјо кон нас грешните, во повод за гнев Божји. Зошто сме толку нечувствителни! Нема ли за  што да зажалиме на исповедта! Малку ли гревови имаме! Дури и целиот свој живот да плачеме за гревовите свои, и тогаш не би направиле ништо отповеќе, туку само би го исполниле својот долг. Ах, ако некој вели дека нема грев, тоа тој се лаже самиот себе и напразно во таков човек бараш вистина. Не ги гледате гревовите свои? Тогаш молете се на Бога за Он да ви даде да ги видите; инаку напразно после свештеникот повторувате во црква: „Господи! Дај ми да ги видам моите прегрешенија!“ да се потрудиме уште сега со сите сили да ги видиме своите гревови, за потоа на исповед со срдечно покајание да ги признаеме. 


traden met binaire opties
بحث ورقة المدى Аудио
broker option navigator Аудио
binäre option demo trader http://biologischewinkelutrecht.nl/component/k2/golden-coffee-box/14-golden-coffee-box binaire opties belgie http://melroth.com/?komp=trading-simulator&951=e7 trading simulator wiki/opcja binarna broker opzioni binarie a confronto simulazione trading online opzioni binarie http://www.studio-asnieres.com/?serimepoke=articulo-opciones-financieras articulo opciones financieras corso di trading in opzioni http://300seconds.co.uk/?sefer=las-mejores-se%C3%B1ales-para-opciones-binarias las mejores señales para opciones binarias