За Третата недела и Четвртата седмица од Великиот Пост


Постот го поткрепува телото, умот и срцето ги просветува, преку него во духот човечки венеат страстите и добри дела се извршуваат, умот се издигнува кон небото и од таму прошка од Бога за нас се симнува. И ете Црквата, во Неделата од третата седмица на Великиот Пост, на сеноќното бдение среде храмот го изнесува Животворниот Крст пред кого цела недела ќе се поклонуваат верниците; го изнесува среде Четириесетницата, за преку него да им напомне на верните за страданијата и смртта Господова, да ги охрабри и утврди оние што постат за да го продолжат подвигот на постот. И бидејќи поклонението на Крстот продолжува и во Четвртата седмица од Постот па сѐ до петокот, целата Четврта седмица се нарекува Крстопоклона. 

Во неделната богослужба се сликаат страданијата на Спасителот, но заедно со Неговото славно Воскресение, што претставува радост и утеха за верниот народ, а тоа се согледува во пасхалните ирмоси на канонот од Утрената неделна богослужба. 

Во најстарите Устави, како Ерусалимскиот (VII век), не постои спомен за поклонение пред Крстот во оваа Трета недела, но во Цариградскиот Типик (IX – X век) апостолот и евангелието на богослужбата за оваа недела се исти како и денешните, што укажува дека веќе од овој период можеме да ја следиме историјата на востановувањето на овој спомен. Овој Типик ја посветува не само Третата недела од Постот на Крстот, туку и целата Четврта седмица, нарекувајќи ја „η μέση ευδομάς“. Евергетидскиот Типик (XII век), ја содржи речиси истата богослужба која се практикува и денес. Стихирите, односно богослужбените текстови за оваа недела и седмица ги напишале Св. Јосиф Студит и Св. Теодор Студит, како и Св. Теофан Исповедник. Токму поради тоа што крстот нѐ учи на скромност, во богослужбите на оваа седмица провејува и споменот за митарот и фарисејот. 

Во особеностите на оваа недела, во понеделник, среда и петок на Првиот час, наместо „Стапките мои...“, се пее „На Крстот Твој се поклонуваме Владико, и Светото Твое Воскресение го славиме“, а во петок после отпустот на Часовите, Крстот свечено се внесува во олтар. 

Словото за Крстот – за нас кои се спасуваме - сила Божја

„На Крстот Твој се поклонуваме Владико, и Светото Твое Воскресение го славиме“. 

Како што патник, заморен од долгиот пат, наоѓа одмор под разгрането дрво, така и Православните Христијани, исполнувајќи го своето духовно патешествие кон Небесниот Ерусалим, кон Пасхата Господова, го наоѓаат на средината од патот „Дрвото Крстно“, за под неговата сенка да соберат сили за понатамошниот пат. Или како што пред доаѓањето на царот, кој се враќа од победа, најпрво доаѓаат неговите гласници, знамение и скиптар, така и Крстот Господов ѝ претходи на Христовата победа над смртта – светлото Воскресение. 

Крстот ни е даден во својство на знамение на челото, како што на Израилот му било дадено обрезанието. Имено, преку него, ние верните, се разликуваме од неверните и се препознаваме. Тој ни е штит и оружје и спомен за победата над ѓаволот. Тој ни е печат за да не се допре до нас истребувачот, како што се вели во Светото Писание.  



traden met binaire opties
بحث ورقة المدى Аудио
broker option navigator Аудио
binäre option demo trader http://biologischewinkelutrecht.nl/component/k2/golden-coffee-box/14-golden-coffee-box binaire opties belgie http://melroth.com/?komp=trading-simulator&951=e7 trading simulator wiki/opcja binarna broker opzioni binarie a confronto simulazione trading online opzioni binarie http://www.studio-asnieres.com/?serimepoke=articulo-opciones-financieras articulo opciones financieras corso di trading in opzioni http://300seconds.co.uk/?sefer=las-mejores-se%C3%B1ales-para-opciones-binarias las mejores señales para opciones binarias