Благодарствено писмо до Архимандрит Партениј од неговите духовни чеда од Скопје

6/19 февруари 2017 лето Господово,

Навечерие на Св. Партениј Лампсакиски;
именден на Старецот

Во предвечерието на денот кога го славиме споменот на Свети Партениј, епископ Лампсакиски, да Му благодариме на Бога за милоста со која нè удостои да станеме чеда на човекот, кој по лик и дело целосно е предаден на Бога и е Негова продолжена рака на земјата. 

Отче Партение, со голема почит и длабока, силна љубов кон Вас, ние, Вашите духовни чеда, го просиме Вашиот благослов и Вашите молитви. 

Стоиме понизно, но длабоко трогнати од делата на Вашиот труд, кои се достојни да бидат објавени, поради нас кои се родивме во Вашите раце. Горди на својот духовен отец, не можеме да ја спречиме душата да воскликне од благодарствена радост и умиление. Благословен да е денот и часот во кој Бог и посочи да Ве сретнеме и да станеме Ваши духовни чеда. 

Светите Отци велат: „Должен си да го умртвиш својот егоизам, за да живее душата“. Во Вашиот пример ја видовме на дело нивната поука, бидејќи Вие живеете за нас, Вашите новородени чеда. Со духовниот жезол го расчистувате патот полн со бодликаво трње за да можеме да чекориме по него, помагајќи ни полесно да се движиме кон изворот на чашата на спасението. Како првачиња ја учевме азбуката, почнувајќи од чистата исповед, солзи и покајание, молитва, послушание, кои ги примивме како лекарство, средство кое му помага на човекот да добие оздравување од најлошата болест, а тоа е гревот. Од Вас научивме што е послушание; а кога сме послушни на Старецот, ние сме послушни и на Бога. Научивме дека без послушание, без пожртвуваност за љубовта Христова, човек не може да пројави самооткажување и љубов кон Бога. 

Кога за прв пат дојдовме во манастирот, бевме како младенци. Бевме целосно среќни, во душата имавме радост и мир. 

Монахот вели: „нека е благословено“ и заминува да ја заврши работата. Но, и ние научивме дека сите тие вредности го јакнат и нашето внимание за послушност. Зборовите, пак, што Вие ни ги кажувате постојано се злато и брилијанти. Душата, духот, целото наше битие Ве восприми како наш духовен отец кој несебично нè дарува со својата љубов. По Вашите молитви научивме и се трудиме да искачуваме многу духовни скалила за спасение; Вие станавте за нас ризница со богатства. Молитвата стана силен темел на нашиот духовен живот и заедно со послушанието - силно орудие против внатрешниот непријател, светот на страстите кој го зафатил нашето тело. Малку по малку се ослободуваме од нивното влијание. Научивме што е Божја светлина и топлина која во душата ни донесе тивка радост, умиление, толку многу солзи на покајание, што не може да се искаже. 

Човекот е тело и душа, па така, освен телесна храна и облека, потребна му е духовна храна и облека. Вие ни покажавте што е важно за нашето спасение, учејќи нè дека треба да се промениме внатрешно, зашто надворешноста е ништо во споредба со внатрешноста. Научивме чашата да ја измиеме однатре, а таа после и однадвор ќе биде чиста. Научивме да се измиеме, очистиме и нахраниме однатре, менувајќи се внатрешно, па така и надворешните наши дела се исправија. 

Боже наш! Што се случи со нас? Ние станавме други луѓе во Христа. Тоа е вистина. Има ли поголем благослов да се вкуси од вистината до која дојдовме благодарение на Вашиот макотрпен труд поради нас, кој треба и ние да го продолжиме, да се потрудиме – наша должност е да продолжиме. Нашата преродба е Ваше дело и многу никулци почнаа да даваат род и плод. На Вашата нива сега има посеано многу семе, но и родот е богат и жетвата ќе биде богата. Вие сте Божји сад преполн со духовно  делание и веруваме дека од Вас ќе потечат во иднина наследници на тоа духовно богатство. 

Најмил отче наш Партение, ние имаме силна вера во Вас, Ве љубиме со сето срце и душа и не можеме без Вашите молитви, исто како што и телото не може да живее без воздух и вода. Вашите молитви нè избавуваат од големи зла. Голема е честа да сте наш духовен пастир, голема е милоста Божја. Вие сте светило од Господовата ризница и веруваме дека Вашите молитви имаат сила пред Господа и преку Вашето познание на Бога и нашите души се удостојуваат со милост да Го доживеат Бога. По Вашите свети молитви да научиме да веруваме, да се надеваме во Бога и да љубиме како што Бог нè возљуби безмерно, давајќи нè на Вас да нè прегрнете во својата татковска прегратка. 

На многаја лета, возљубен отче наш Партение! 

Од Вашите духовни чеда од Скопје


traden met binaire opties
بحث ورقة المدى Аудио
broker option navigator Аудио
binäre option demo trader http://biologischewinkelutrecht.nl/component/k2/golden-coffee-box/14-golden-coffee-box binaire opties belgie http://melroth.com/?komp=trading-simulator&951=e7 trading simulator wiki/opcja binarna broker opzioni binarie a confronto simulazione trading online opzioni binarie http://www.studio-asnieres.com/?serimepoke=articulo-opciones-financieras articulo opciones financieras corso di trading in opzioni http://300seconds.co.uk/?sefer=las-mejores-se%C3%B1ales-para-opciones-binarias las mejores señales para opciones binarias