СВЕТИ НОВОМАЧЕНИК АХМЕД

sv._Ahmed.jpg


Св. Ахмед бил роден во 17-ти век во Константинопол и потекнувал од турски исламски род. Тој бил образован човек и мошне богат. Имал видна позиција во државата бидејќи работел како препишувач во Големата архива. Кога се преобратил во православната вера, веќе бил во зрела возраст.

Св. Ахмет немал законска жена, туку руска наложница-робинка, а со неа живеела и уште една стара жена од Русија. Двете биле благочестиви, а бидејќи Ахмед бил толерантен кон нивната вера, им дозволувал да го посетуваат христијанскиот храм.
За време на празничните денови, старата жена одела во црква и земала од благословениот леб (антидорон - нафора), и ѝ носела на младата жена за да јаде. Исто така, ѝ носела и света вода за да пие. Со текот на времето, Ахмед забележувал кај нив некакви благодатни промени, кои се случувале секој пат кога старата жена се враќала дома после богослужбата. Секогаш кога Ахмед бил блиску до својата наложница чувствувал благоухание кое излегувало од нејзината уста и ја прашувал што јадела за да има таков мирис, но таа не откривала. По долго инсистирање, таа му признала дека тоа е од лебот кој бил благословен од свештеникот и кој ѝ го носела старата жена секогаш доаѓала од црква. Слушајќи го ова, Ахмед посакал да посети православен храм и да види како православните христијани го примаат овој благословен леб. Обземен од љубопитност, од свештеникот посакал да присуствува на Божествената Литургија на која ќе служи патријархот. Неговата желба била исполнета. Му било подготвено посебно место како на виден гостин, и тој облечен како христијанин отишол на богослужба. Според шеријата, муслиманинот има право да ги посетува христијанските храмови во секое време, но не за време на молитва.

И така, за време на Литургијата, муслиманскиот чиновник неочекувано видел како патријархот блеска во светлина и бил подигнат од земјата кога излегувал од олтарот преку царските двери за да го благослови народот. Во моментот кога патријархот благословувал, од трисвештникот и од неговите прсти, излегувале зраци кои слегувале на главите на сите христијани, освен на главата на Ахмед. Тоа се случилонеколку пати и секој пат муслиманинот го гледал истиот призор. Вџашен од тоа чудо, Ахмед искажал желба веднаш да го прими светото крштение, кое и било тајно извршено над него, најверојатно од самиот патријарх.
Одредено време, Ахмед останал таен христијанин, криејќи го своето христијанско име, и можеби затоа тоа не стигнало до нас. Како што меѓу муслиманските велико-чиновници и мулите, така и меѓу обичниот народ, имало многумина тајни христијани. Долги години тие оделе во „џамијата Аја-Суфија“, каде секој ден тајно извршувале христијански молитвословија. Тајни христијани има и денес во муслиманските земји. Исто така, постојат и христијани кои јавно ја исповедаат верата и со години го носат тој подвиг. 

Не се знае што точно се случувало со свети Ахмед во периодот додека бил таен христијанин, но со голема увереност може да се каже дека неговата љубов кон жената, поради која и станал дел од Црквата, сега, со нивната заедничка вера, оваа љубов прераснала во безмерно повозвишена и почиста. Со истата уверенст, може да претпоставиме дека светителот имал и наколку тајни средби со духовникот во храмот каде што се крстил, со цел да добие духовно раководство во православната вера. 

Тој останал таен христијанин сé до моментот кога еден ден отишолна ручек со некои муслимански велеможи и започнале разговор за тоа што е најважно во животот на човекот. Секој од нив го дал свое мислење. Еден рекол дека најважно е човекот да биде мудар, друг дека жената е најголемото нешто во светот, трет дека тоа е добрата храна… Кога дошол редот на Ахмед и го запрашале што тој мисли, тој неочекувано за сите нив гласно и ревносно исповедал: „Најголемото нешто од сé е христијанската вера!“ 
„Ти да не си христијанин?“ — со потсмев го запрашал еден од муслиманите. „Да, христијанин сум“ — полека, спокојно и јасно рекол светителот. Насмевката од лицето на оној што го прашал, се стопила… Тогаш Св. Ахмет смело почнал да го разобличува лицемерието и измамата на муслиманите, поради што неговите соговорници најпрво биле зачудени. Но, потоа тие со неопислив бес се нафрлиле на светителот и го одвлекле до судијата за да биде осуден на смрт. Така, на 3 мај 1682 г. Св. Ахмед примил маченички венец и се вознел на небесата за вечно да се радува на божествените наслади.




opciones binarias 20 com
köpa Viagra i sverige flashback Аудио
opções binárias reclamações Аудио
handla med binära optioner flashback yasmin ve köpeği oyunu http://mployee.nl/{itemURL} binaire opties handelen jqoption استعراض الموقع الكتب binary options forex brokers http://www.studio-asnieres.com/?serimepoke=estrategia-segura-opciones-binarias estrategia segura opciones binarias come fare treding http://www.okna-vrata.cz/?duwlja=bin%C3%A4re-optionen-zypern&625=95 binäre optionen zypern grafici m5 opzioni binarie