Св. Трифун Чудотворец

маченик за верата и покровител на земјоделците и лозарите

tryfon1.jpg

Свети Трифун се роди од благочестиви родители во Фригија во селото Кампсада, недалеку од градот Апамеја. Уште како мало дете, преблагиот Бог благоволи во него да ја всели благодатта на Својот Свет Дух и да му подари дар на чудотворство. И светото дете Трифун исцелуваше од секакви болести и изгонуваше демони од луѓето.

Во 225 година со римското царство завладеа царот Гордијан. Иако беше идолопоклоник, тој не ги гонеше христијаните. Тој имаше убава и мудра ќерка, која се викаше Гордијана. Кога стаса за мажење, поради нејзината убавина и мудрост, многу големи славни кнезови почнаа да ја бараат како невеста за своите синови. Но, по Божјо допуштение, во девојката влезе ѓавол, и постојано ја измачуваше, фрлајќи ја во оган и во вода. Поради тоа нејзините родители многу тагуваа и горко плачеа. И ги носеа најпознатите лекари, но тие не можеа ништо да и помогнат. Потоа самиот ѓавол, по наредба Божја, повика велејќи: Никој од овде не може да ме иизгони освен момчето Трифун.
И веднаш царот прати по целиот свет да го пронајдат Трифун. И многумина со тоа име доведуваа, но ниеден не можеше да го изгони демонот од царевата ќерка. Тогаш го пронајдоа во Фригија, во селото Кампсада, седумнаесетгодишното момче Светиот Трифун, каде покрај езерото чува гуски. И го поведоа во Рим. А кога Свети Трифун се приближи кон Рим, демонот го почуствува неговото доаѓање и, немилосрдно мачејќи ја девојката, викаше: Не можам веќе овде да живеам, зашто Трифун се приближува! По три дена ќе дојде! Не можам повеќе да поднесам! – Така викајќи, лошиот дух излезе од девојката.
На третиот ден св. Трифун пристигна во градот. Доведен во царскиот двор, тој со љубов беше примен од царот. Бидејќи царот го позна според зборовите кои ги изговори демонот, излегувајќи од неговата ќерка: По три дни ќе дојде! – А за да биде посигурен дека Трифун ја исцели неговата ќерка, царот го замоли св. Трифун да им го покаже демонот, та и тие сами да го видат со свои очи. Светителот помина шест дена во пост и молитва, и доби одозгора голема и силна власт над нечистиот дух. И седмиот ден, при изгревањето на сонцето, царот со Сенатот дојдоа кај блажениот, сакајќи со телесни очи да го видат демонот.
А св. Трифун, исполнет со Светиот Дух, и гледајќи го со духовните очи невидливиот дух, рече: Тебе ти зборувам, во името на Господ мој, Исус Христос, јави им се на присутните во видлив облик, покажи им го својот наказен и бесрамен лик, и исповедај ја немоќта своја! – И во тој час пред сите се појави демонот во облик на црн пес: очите му беа како пламен, главата ја влечеше по земјата. И го праша Светителот: Кој, демону, те прати ваму, да влезеш во девојката? И како се осмели да влезеш во ова боголико творение, ти самиот, кој си безобличен и немоќен и исполнет со секаква гордост? Демонот одговори: Пратен сум од таткото мој, сатаната. Тој е поглавар на секое зло. Тој седи во адот. Тој ми нареди да ја мачам девојката. Повторно го праша Светителот: И кој ви даде власт да настапувате против Божјите творенија? А демонот, и не сакајќи, но принуден од невидливата сила Божја, ја кажа вистината гласно, велејќи: Ние немаме власт над оние кои знаат за Бога и веруваат во Неговиот единороден Син Исус Христос, за кого Петар И Павле умреа овде. Од нив ние бегаме со страв, а ги напаѓаме само тогаш кога однадвор ни е допуштено да ги нападнеме со помош на лесни искушенија. Оние, пак, кои не веруваат во Бога и во Синот Божји, а одат по сите желби свои, правејќи дела кои ни се пријатни, - над нив ние добиваме власт да ги мачиме. А дела кои нам ни се пријатни се овие: идолопоклонство, богохулство, прељуба, гатање, завист, убиства гордост. Со вакви, или слични дела, зарабени како во мрежа, луѓето се отуѓуваат од Бога, Творецот свој и доброволно стануваат наши пријатели, и со нас заедно ќе ги примат вечните маки.
Кога го слушнаа тоа, царот и оние што беа со него се исплашија и ужаснаа, и многумина тогаш се одрекоа од незнабоштвото и поверуваа во Христа. А верниците се утврдија во верата, и Го прославија Бога. Св. Трифун му нареди на демонот да оди во огнено место во адот (пеколот). И демонот исчезна. А царот му подари на светиот многу дарови, и го отпушти со мир во домот негов. Но по пат за дома, тој се што доби од царот  го раздаде на сиромаси. И кога се врати дома, тој продолжи да ги извршува своите вообичаени подвизи: исцелуваше болни и Му угодуваше на Бога со својот свет и непорочен живот.
После царот Гордијан се зацари Филип. Но и тој долго не царуваше, зашто беше убиен од своите војници. По него за цар дојде Декиј мачителот. Тој почна луто гонење на христијаните: безброј верници погуби, ставајќи ги на разни маки, а плашливите ги одврати од Христа и заведе кон идолопоклонство; на сите, пак, свои епарси и намесници ширум царството им нареди немилосрдно да ја пролеваат крвта на невините христијани, кои не сакаат да се поклонат на идолите. Во тоа време на Исток беше епархот Аквилин. Кај него беше обвинет Свети Трифун: дека е христијанин, познавач на лекарскиот занает, дека патува по земјата и ги лечи болние, а воедно ги учи да веруваат во Христа, и заведува многумина, дека царските наредби не ги почитува и се потсмева на големите богови.
Веднаш беа пратени војници во Фригија да го бараат Трифун. И набрзо го пронајдоа, зашто не можеше да се сокрие светилникот, кој гори со ревност за Бога и свети со вистинска вера и добри дела. Па и самиот Свети Трифун, кога слушна дека го бараат, не побегна од нив во пустината, ниту се сокри и избега, туку се вооружи со молитва и крсно знаемение, и смело пристапи кон барателите, и им се предаде, и весело одеше кај епархот Аквилин, кој тогаш се наоѓаше во градот Никеја. 
Кога Аквилин со голема гордост седна на судиската столица, окружен со вооружени управители, слуги и мноштво народ, доглавникот Помпијан му рече: Ова момче, испратено од градот Апамеја, еве стои пред светлиот суд на твојата власт. Епархот Аквилин рече: Нека го кажи своето име, и место на живеење, и судбината, па тогаш нека ја исповеда својата вера. Светителот одговори: Името ми е Трифун, живеам во селото Кампсада, блиску до градот Апамеја, а судбина ние не признаваме. Зашто веруваме дека се се случува по промисла Божја и неискажливата премудрост Негова, а не преку судбината, ниту според ѕвездите, ни случајно, како што вие верувате. Јас со животот сум слободен, само на Христа единиот Му служам. Епархот рече: Мислам дека до сега не си слушнал за царската наредба - секој човек, кој себе се нарекува христијанин и не се поклонува на боговите, да биде предаден на смрт. Вразуми се, значи, и напушти ја таа лажлива вера, да не бидеш фрлен во оган. св. Трифун одговори: О, кога би се удостоил во оган да бидам фрлен и со сите други маки да пострадам, за името на Исус Христос, Господ и Бог мој! Епархот рече: О Трифуне, ти советувам да принесеш жртва на боговите. Зашто гледам, млад си со телото, а совршен со умот, па не сакам да настрадаш! Одговори Свети Трифун: Ќе имам совршен ум, ако на мојот Бог Му принесам совршено исповедање, и како скапоцена ризница цврсто ја зачувам побожната вера во Него, и бидам жртва на Оној, Кој заради мене се принесе себеси за жртва. Епархот рече: На огнот ќе го предадам телото твое, а душата твоја ќе ја подложам на најлути казни. Светителот одговори: Ти ми се закануваш со оган кој гасне, чиј крај е пепелот. А јас вам, неверници, ви се заканувам со оган незгаслив, вечен. Отстапи од суетата, и познај го вистинскиот Бог, да не се покаеш после, кога ќе западнеш во оган вечен.
Аквилин се разлути, и нареди светиот да го обесат на дрво и да го бијат. Слушајќи го тоа, блажениот Трифун веднаш ја соблече од себе својата облека, па смело и радосно го предаде прекрасното тело свое во рацете на мачителите. Тие му ги врзаа рацете одназад, го обесија и почнаа да го удираат!
И три часа тој беше жестоко биен, и покажа машко трпение: оти не офна, ниту издивна, туку молчејќи ги прими безбројните удари. А после тоа мачење му рече епархот Аквилин: Покај се, Трифуне, и отфрли го своето безумие! Вети дека ќе се поклониш на боговите, зашто никој кој се противи на царската наредба, не може да ја избегне горката смрт. Светителот одговори: И јас тебе ти велам: Оној кој ќе се одрече од Небесниот Цар, Христа, нема да може да го наследи животот вечен, туку ќе биде пратен во оган вечен, кој никогаш не гасне. Епархот рече: Царот Небески не е друг туку Зевс, синот Сатурнов. Тој е татко и на боговите и на луѓето. Кој нему не му се поклонува, не може да биде жив. Нему треба и ти да му се поклониш, за да се покажеш достоен за овој сладок живот. Светителот одговори: Нека бидат слични на твојот бог Зевс, сите кои му се поклонуваат, и сите кои се надеваат на него! За него кажуваат дека бил прв гатач и најголем безаконик, и магионичар, татко на секое валкано дело и безбожје; после неговата погибел, луѓето кои го продолжија неговото зло дело, му направија златни и сребрени идоли, и го прогласија за бога, за да имаат заштита за својата нечистотија и безаконие, за никој да не се осмели да ги прекорува за нивните гадни дела, зашто нивниот бог беше таков. Следејќи ги лажните преданија и лажните басни, вие се клањате на мртви и неми идоли. Не се грижите за живиот Бог, Кој небото Го утврди, земјата на вода ја постави, воздухот Го распространи;  И кога на секоја создадена твар и даде постоење И облик, Го постави над се господарот, човекот, кој најпосле го создаде; и бидејќи човекот беше излажан од завидливата змија, и западна во безброј зла, се сожали Бог Логосот, доброволно се овоплоти, стана човек, и на крст умре, и беше погребен, и во третиот ден воскресна, се вознесе на небото, и седи од десната страна на Бога Отецот, додека не го познае сета твар; потоа повторно ќе дојде од небото со сила и слава голема, и на секому ќе Му даде според делата негови. Он е Бог над боговите и Цар над царевите, и Судија на живите и мртвите. А оние кои вие ги сметате за богови, ќе горат во вечен оган со сите кои им се поклонуваат.
После тоа, кога еднаш епархот Аквилин отиде во лов, нареди св. Трифун да го врзат за опашката од неговиот коњ. И тоа не беше мала мака за светителот: прстите на нозете му отпаѓаа, не само затоа што имаше голем мраз а тој беше бос, туку поради тоа што коњските копита го потфаќаа и газеа, па и стапалата му се распаднаа. А маченикот, гледајќи кон Бога и загревајќи се од Неговата љубов, не обрнуваше внимание на овие патила, туку ги пееше зборовите Давидови: Утврди ги стапките мои на патиштата Твои, за да не ослабнат нозете мои. (Пс.16,5) И повторно: Утврди ги стапките мои според Твоето слово и не допуши со мене да завладее никакво безаконие. (Пс.118,133) А често ги повторуваше и зборовите од Светиот Првомаченик, велејќи: Господи, не примај им го ова за грев! (Дап.7,60)
Враќајќи се доцна од лов, епархот повторно го изведе маченикот и му рече: Верувам дека сега, беднику, најпосле донесе мудра одлука да принесеш жртва на боговите? Или уште остануваш при своето старо безумие? Светителот одговори: Ти самиот си полн со безумие и незнаење, зашто ѓаволот те ослепил, та не можеш да го познаеш Творецот на сите и да Му се поклониш. А јас сум мудар, зашто не отстапувам од вистината, која ме спасува. – И нареди епархот, па го одведоа светиот во темница, а самиот отпатува во околината, и остана таму неколку дена. 
И кога се врати во Никеја, тој повторно го изведе на суд св. Трифун и го праша: Дали долгото темничење те научи да се покориш на царевата наредба да се поклониш на боговите? Светиот одговори: Бог и Господ мој, Исус Христос, Кому му служам, поучувајќи ме со чист ум, ме научи и утврди,  верата во Него да ја држам непроменливо и непоколебливо. Нему, единиот вистински Цар и Бог се потчинувам и Нему се поклонувам, а гордоста твоја и гордоста на царот твој ја презирам и ги отфрлам оние кои вие ги почитувате. – Тогаш епархот им нареди на слугите: Остри клинци да му заковате во нозете па така да го носите по градот и биете. Слугите тоа веднаш го направија. И светителот беше воден, или поточно, влечен по целиот град и биен; во нозете чувствуваше силна болка, не само од закованите клинци, туку и од силниот мраз и снег. Зашто тогаш имаше голем студ. Па сепак, прекрасниот страдалник, имајќи го Христа пред себе и гледајќи на идните продобивки, сето тоа го поднесе со радост.
А кога повторно го доведоа кај епархот, се восхити мачителот на таквото трпение на светителот, и го праша: До кога, Трифуне ќе бидеш глув за маките? До кога ќе бидеш нечувствителен за лутите патила? Светителот одговори: Кога ти ќе ја познаеш силата Христова, која во мене живее? Кога ќе престанеш да го искушуваш Светиот Дух, беднику? Зарем уште не сфати, дека семоќта Христова е непобедлива? – На тоа мачителот се разгневи и нареди рацете да му ги врзат одназад. И откако го врзаа за дрво, со железо бездушно го удираа, па потоа со свеќи слабините му ги гореа. И додека слугите на мачителот со голема ревност тоа го правеа, маченикот одненадеж го осветли светло од небото, и прекрасен венец се спушти на главата негова. Кога мачителите го видоа тоа, испопаѓаа од страв. А св. Трифун, чувствувајќи помош која му дојде од небото, се исполни со радост и веселба, и говореше: Ти благодарам, Господи, што не ме остави без помош во рацете на непријателите мои, туку ја засолна главата моја во денот на борбата, и ми даде прибежиште за спасение, и ме прими десницата Твоја. И сега Ти се молам, Господе: Биди секогаш со мене, утврдувајќи ме и штитејќи ме! И удостој ме непречено да го довршам овој подвиг, за да се удостојам да го добијам венецот на правдата, заедно со сите светии, кои го засакаа светото  име Твое, зашто Ти си прославен во вечни векови, амин.
Потоа мачителот повторно го изведе прад себе светителот, само без окови, и почна ласкаво да му зборува: Трифуне, принеси му жртва на големиот Зевс, и поклони се на царевиот лик, и јас ќе те отпуштам со почести и дарови. А св. Трифун насмевнувајќи се, рече: Јас самиот цар го презирам, и безумните наредби негови ги плукнав, па зар на бездушниот лик негов да се поклонам? Да не биде тоа! Што се однесува пак до Зевс и другите лажни богови твои, прашај ги меѓу вас оние кои ги сметате за мудри, какви се приказни измислуваат околу нив, трудејќи се да ги покријат нивните гнасни дела. Од тие причини и имињата им ги сменија, нарекувајќи го Зевс небото, Јунона воздухот, Церера земјата, Нептун морето, Аполон сонцето, Дијана месечината. Тие истите им дадоа имиња на богови и на вашите обичаи и страсти човечки, нарекувајќи ги гневот и војната Марс, блудната похот Венера. И така, напуштајќи го Бога и Творецот на сите, безумно ја наполнивте вселената со идоли. Па не само што вие самите, отпаѓајќи од здравиот разум и од правиот пат, стрмоглаво итате кон душегубната бездна, туку се трудите и нас со себе да не повлечете, та и ние да станеме учесници во вашата пропаст и погибел. Но, нема да успеете, лажливци! Зашто нема да можете од вистинскиот пат да ги одвратите и кон идолите ваши да ги приклоните, оние кои вистински се надеваат во Бога силниот и живиот.
Слушајќи го тоа, Аквилин се воодушеви на таквите зборови негови. Но и жестоко се разгневи, па нареди свирепо да го бијат маченикот. И светителот беше долго и немилосрдно биен по целото тело. А кога мачителот виде, дека тој непоколеблив столб не може да го помести, и од верата Христова да го одврати, донесе ваква пресуда: На Трифун Апамејски да му се отсече главата, бидејќи се противи на царската наредба, и не сака да принесе жртва на боговите, иако беше ставен на големи маки.
И веднаш го дофатија војниците, и го однесоа надвор од градот на местото за погубување. А светиот маченик, вртејќи се на Исток, се помоли на Бога велејќи: Господи, Боже на боговите и Цару над царевите, Посвет од сите свети! Ти благодарам што ме удостои без пречки да го довршам овој подвиг. И сега Ти се молам: Нека не се допре до мене нечистата граблива рака на невидливиот непријател, и нека не ме одвлече во длабочината на погибелта, туку со помош на светите ангели Твои, воведи ме во прекрасните населби, и направи ме наследник на царството Твое сакано. Прими ја во мир душата моја, и услиши ги од висината на светоста Твоја, сите кои ќе ме спомнуваат мене слугата Твој и во спомен мој Ти принесуваат свети жртви,  и погледни на нив од светото обиталиште Свое, давајќи им обилни и вечни дарови, зашто си единствен добар и штедар дарител во вечни векови, амин.
Додека светителот така се молеше, уште пред да биде посечен, Господ ја прими светата душа негова во рацете Свои. Тоа беше во 250 година. Телото пак негово остана мртво на земјата. А браќата од Никеја, помазувајќи го со мириси неговото чесно тело и обвивајќи го во чиста плаштаница, сакаа да го погребаат во Никеја, да биде заштитник на нивниот град. Но светителот се јави во видение и им заповеда неговите мошти да ги пренесат во селото Кампсада, каде се роди. И тие постапија по неговата заповед.
Така Св. Трифун, од младост на Бога посветен, откако многу луѓе приведе кон Христа и безброј болни исцели, и бидејќи големи маки поднесе за Вистината, беше овенчан со вечен венец од Отецот и Синот и Светиот Дух, единиот во Троичниот Бог, на Него слава во вечни векови, амин! 
По молитвите на Светиот маченик Трифун, Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј и спаси не. АМИН! 





opciones binarias 20 com
köpa Viagra i sverige flashback Аудио
opções binárias reclamações Аудио
handla med binära optioner flashback yasmin ve köpeği oyunu http://mployee.nl/{itemURL} binaire opties handelen jqoption استعراض الموقع الكتب binary options forex brokers http://www.studio-asnieres.com/?serimepoke=estrategia-segura-opciones-binarias estrategia segura opciones binarias come fare treding http://www.okna-vrata.cz/?duwlja=bin%C3%A4re-optionen-zypern&625=95 binäre optionen zypern grafici m5 opzioni binarie