✤ ✤ 

St_Mary_of_Egypt_1.jpgИ кога помина една цела година, Зосим тргна повторно во пустината, откако претходно исполни се, според обичајот, и брзаше кон она чудесно создание. По долгото патување низ пустината, тој забележа некои знаци, кои му покажуваа дека местото што го бара е тука некаде, во близина. И тој се вртеше де лево, де десно, барајќи ја со очи светителката. Но, кога виде дека таа од никаде не се појавува, му бликнаа солзи и подигајќи ги очите кон небото, тој Му се помоли на Бога, велејќи: „Покажи ми го, Господи, своето неукрадливо богатство, што си го сокрил во оваа пустина! Покажи ми го ангелот во тело, со кого не е достоен да се спореди ни целиот свет." Така молејќи се, тој стигна до потокот и кога застана покрај него, тој на источната страна ја здогледа преподобната, како лежи мртва, со раце прекрстени на градите и со лице свртено кон исток.Тој и притрча и со своите солзи почна да и ги мие нозете на блажената, бидејќи не се осмелуваше да се допре до некој друг дел од нејзиното тело. Откако долго плачеше и ги  изговори потребните псалми, тој изврши и опело. И се праша себеси: „Дали да го погребам телото на преподобната?Дали ќе и биде тоа угодно на блажената?“ И додека така во мислите се прашуваше себеси, тој над нејзината глава го забележа напишано ова: „Погреби го, Авва Зосиме, на ова место, телото на смирената Марија, предај му го правот на правот! Моли Го Господа за мене; Се упокоив на први април, во самата ноќ на спасоносното страдание Христово, по причестувањето  со божествените Тајни." (Преподобна Марија се упокоила во 522 година.)

Кога го прочита овој напис, старецот најпрво се запраша, кој го напишал ова. Зашто таа, како што самата му имаше кажано, не знаеше да пишува. Но, многу се зарадува што го дозна името на преподобната. А, дозна и тоа дека таа минатата година, во истата ноќ кога се причести, стигнала до потокот, до кој, тој самиот мораше да патува дваесет дена, и веднаш си заминала кај Бога. 
Славејќи Го Бога и топејќи ги со солзи земјата и телото на преподобната, старецот си рече во себе: „Време е, оче Зосиме, да го извршиш она што ти е наредено. Но, како ќе ископаш гроб, кога немаш ништо во рацете?“ И како го рече тоа, тој здогледа, недалеку од себе, еден мал стап, го зеде и започна со него да копа. Но, земјата беше сува и копајќи, старецот се мачеше и препотуваше, но ништо не можеше да направи. И кога воздивна силно од длабочината на срцето, тој здогледа  огромен лав, како стои покрај преподобната Марија, и и ги лиже нозете. Тоа силно го уплаши, особено кога се сети, како блажената му рече дека никогаш не видела ѕверови. Но штом се прекрсти, старецот поверува дека покојната, со својата сила, ќе го сочува неповреден. Во тој миг лавот почна кротко да се приближува кон старецот, умилкувајќи се и како божем поздравувајќи го. Зосим тогаш му рече на лавот: „Лаву, бидејќи големата покојница ми нареди да го погребам нејзиното тело, а јас сум стар и не можам да ископам гроб, ниту ги имам потребните алати за копање; а и мојот манастир е многу далеку, па не би можел да се вратам брзо со алати, тогаш ти ископај гроб со твоите шепи, за да го предадеме на земјата телото на преподобната.“ 
Штом лавот го слушна тоа, веднаш со предните нозе ископа дупка, толку голема, што да може во неа да го собере телото на блажената. А старецот повторно со солзи ги облеа нозете на преподобната и многу и се молеше, таа да се моли за сите. И го погреба нејзиното тело со истата онаа искината облека, што тој самиот и ја дофрли, тогаш кога прв пат ја сретна. Потоа си заминаа и обајцата. Лавот како кротко јагне се оддалечи во внатрешноста на пустината, а Зосим се врати во својот манастир, непрестајно благословувајќи и славејќи Го Христа, нашиот Бог.
Кога дојде во манастирот, Зосим им раскажа на сите за преподобна Марија, не премолчувајќи ништо што виде и  слушна од неа. И сите се восхитуваа, слушајќи за големите дела Божји, и со страв, вера и љубов почнаа да прават помен и да го празнуваат денот на упокојувањето на преподобна Марија. А игуменот Јован, по зборовите на преподобната, најде некои на кои им беше потребно духовно исправување, и со Божја помош ги поправи.
Зосим го мина својот живот богоугодно, и кога наврши близу сто години, тој го заврши во манастирот својот привремен живот, и отиде во вечноста кај Господа. И монасите од тој манастир го чуваа ова житие на преподобна Марија, едни на други си го раскажуваа на општа полза за сите слушатели. Само не го имаа запишано. А јас, вели Св. Софрониј, го запишав тоа житие од нив. Ако, пак, некои други подобро го запишале житието на преподобна Марија, јас за тоа уште ништо немам дознаено. Но и јас, колку што можев, според своите сили, го запишав ова житие, држејќи се само до вистинитата повест. А Бог, Кој твори прекрасни чуда и со големи дарови им возвраќа на оние што Му прибегнуваат со вера, нека ги награди оние кои со духовна полза ја читаат ова повест и оние кои ја слушаат, и оној што се потруди да ја запише, и нека ги удостои со уделот на оваа блажена Марија, сите кои од памтивек Му угодиле со богомислие и трудови. Да Му одадеме и ние пофалба на Бога, вечниот Цар, и да не удостои да најдеме и ние милост во денот на Судот, во Христа Исуса, нашиот Господ, Кому Му прилега секаква слава, чест и моќ и поклонение, со Отецот и Пресветиот и Животворен Дух, сега и во сите векови, амин.   

Светите Отци се вистински наставници и учители во раководењето на монасите и поправањето на сите нивни мисли, чувства и идеи, на сите стари и одамна направени гревови во таканаречените братства. Колку е тешко тоа војување, се гледа од житието на св. преподобна Марија Египетска.
Светата Православна Црква, освен денот на нејзиното претставување, 1/14 април, за празнување одредила и цела една седмица, заедно со неделата на св. Марија Египетска, земајќи ја Преподобната како образец на вистинското покајание, пример на полно самоодрекување и издигнување, од најнискиот гревовен пад, до најголемите духовни височини,  прославувајќи го, на овој начин, нејзиниот голем подвиг. 
Преданието за житието на св. преподобна Марија Египетска е запишано од Ерусалимскиот Патријарх, Св. Софрониј, кој управувал со Ерусалимската катедра од 634 до 644 година, по Господа Исуса Христа. Заедно со својот учител, блажениот Јоан Масх, св. Софрониј уште како млад монах, кон крајот на VI и почетокот на VII век, ги обиколиле речиси сите свети манастири во Палестина, Сирија и Египет и се запознале со животот и подвизите, не само на современите монаси, туку и на претходните поколенија на подвижници. Плод на нивното благочестиво поклоничко патешествие била познатата книга „Лимонариј“ или уште позната како „Духовен Лак“, во која е опишано патешествието на двајцата монаси и се запишани житијата и подвизите на источните подвижници.
Житието на Св. преподобна Марија Египетска е напишано истовремено, или малку подоцна од „Духовен Лак“, но очигледно запишувањето на житието било поттикнато од чудото за време на благочестивото странствување. Со литературните својства и писателско мајсторство, „Житието на св. Марија Египетска“ е еден прекрасен бисер во византиската духовна литература.
Светиот Патријарх, Софрониј Ерусалимски е автор и на други духовни дела. Како ревносен заштитник на светата православна вера и како вистински поборник, тој се грижел и се борел за чистотата на православието, против ереста на монотелитите (оние кои празнувале само една божествена волја во Богочовекот, Господ Исус Христос), тој составил и едно соборно послание против еретиците. На свиканиот 6-ти Вселенски собор, во 680 година, тоа послание било прочитано од пратеникот и претставникот на тогашниот Еруслимски Патријарх Теодор, Архиѓаконот на Светата Ерусалимска Патријаршија, Андреј, ученик и воспитаник на веќе покојниот Св. Патријарх Софрониј. Св. Андреј Критски го зел со себе и го претставил пред Соборот „Житието на св. Марија Египетска од Св. Патријарх Софрониј“ и својот Велик покаен канон, напишан од сопствената рака.
Оттогаш, на 6-от Веселенски собор, во Цариград, Светата Православна Црква го вклучила во великопосното богослужение и Великиот покаен канон на св. Андреј Критски, во кој, дел од стихирите се посветени на покајниот подвиг на Св. Марија Египетска. Тоа подразбира и целосно читање на Канонот на утрената богослужба во четвртокот од петтата седмица на Великиот пост, кога се чита и нејзиното житие и тоа богослужение се нарекува „подвиг во чест на св. Марија Египетска“, т.е. стоење во нејзина чест, а петтата недела од Великиот пост целосно е посветена на неа.

Да не очајуваме, браЌа, за своето душевно спасение, зашто нема грев, што Бог не го простува, освен богохулството против Светиот Дух, и доволно е само да се пројави потребното покајание во светата Православна Црква, преку Тајната Покајание.
Духовното искуство на светата Православна Црква учи, дека телесниот грев на блудството и развратот доведуваат до пеколот и широката река на телесниот разврат води голем дел од човештвото кон бездната на адот.
Треба да се знае дека телесниот разврат го осквернува не само телото на човекот, туку и го жалости Божјиот Дух, Кој живее во него, а особено кај оние христијани, кои го примиле Светото Крштение. Тоа е токму една цел од намерите на ѓаволот- да го обессили Божјиот народ, православните христијани, за да се отвори патот за сатанското царство среде човечкото општество.
Телесниот разврат го влече со себе и гревот на убиството на неродените зачнати деца, како несреќни жртви на развратот, така што развратниците, освен за телесниот грев, ќе одговараат пред Судот и за убиството на неродените деца.
Особено во наше време, кога телесниот разврат бесрамно се фали и кога постојано потсетува на духовната смрт, корисно е да се спомне заборавениот пример на покајанието и достигнувањето на благодатно осветување, како што може да се види во житието на Марија Египетска. На тој начин, оние кои згрешиле,се поттикнуваат да се покајат и да не грешат повеќе, а тие кои се соблазнуваат од гревот и се подготвени да го направат, се опоменуваат да се борат против нечистите желби и помисли и да се погрижат да водат целомудрен живот, - или во чистотата на христијанскиот брак или пак во светоста на воздржанието. Во спротивно, ќе платат за својот разврат со срамни и смртоносни болести за време на земниот живот и ќе се најдат во вечната смрт на адот, по смртта.
Да не заборавиме, браќа, дека Бог дојде да ги повика грешниците кон покајание и спасение, и дека често пати, митарите и грешниците, поради своето големо покајание, ги испреваруваат праведниците во царството небесно. 


По молитвите на преподобната мајка Марија Египетска, 
и на преподобниот отец наш,
 Андреј Критски
Господе Исусе Христе, помилувај и спаси не!
Амин!
Крај и слава на Бога!
st_mary_of_egypt_5th_century.jpg


opciones binarias 20 com
köpa Viagra i sverige flashback Аудио
opções binárias reclamações Аудио
handla med binära optioner flashback yasmin ve köpeği oyunu http://mployee.nl/{itemURL} binaire opties handelen jqoption استعراض الموقع الكتب binary options forex brokers http://www.studio-asnieres.com/?serimepoke=estrategia-segura-opciones-binarias estrategia segura opciones binarias come fare treding http://www.okna-vrata.cz/?duwlja=bin%C3%A4re-optionen-zypern&625=95 binäre optionen zypern grafici m5 opzioni binarie