За Отец Јован Крестјанкин


Неодамна од Псково – Печерскиот манастир ме повика мојот духовник,Jovan_Krestjankin.jpg архимандритот Јован ( Крестајнкин ) и ми рече: Ете, наскоро ќе умрам. Затоа, потруди се, напиши го тоа што го помниш и што сакаш да го кажеш за мене. Бидејќи после тоа и онака ќе пишувате и сешто можете да измислите, и ќе биде како кај кутриот отец Николај, кој и „ мачки воскреснуваше “, и што не друго. Вака, пак, јас сé ќе прегледам и ќе бидам мирен. “
Исполнувајќи го послушанието од духовникот, почнав да пишувам надевајќи се, дека отецот сам ќе ја одвои пченицата од каколот, ќе каже што сум заборавил, како и секогаш, и ќе ги поправи грешките кои се појавиле. Нема многу да пишувам за тоа, што значи за мене отец Јован. Сиот мој монашки живот нераскинливо е поврзан со него. Тој за мене беше и остана идеал за православен христијанин, монах, возљубен и најбаран отец – свештеник. Да се зборува за сé што се случувало за овие наши дваесет годишни контакти, се разбира дека е невозможно. Неговите духовни совети секој може да ги прочита во трите зборници, писма кои неодамна излегоа. Од моја гледна точка, тоа е – најдобриот ракопис во областа на Руската духовна литература, во последните 50 години. Но, сакам да ви раскажам нешто друго – што мене ми е познато, а не тоа што сум го слушнал.
Главна духовна одлика на отец Јован за мене отсекогаш беше не само дарот на расудување, туку и непоколебливата вера во себлагата и совршена Божја промисла, која ги води христијаните кон спасението. Во една од книгите на отец Јован, со епиграф беа избрани зборовите кои тој често ги повторуваше: „ Главно во духовниот живот – е верата во промислата Божја и расудувањето проследено со совет “ . Еднаш како одговор на моите недоумици отецот запиша: „ Еве сега со внимателност читам длабоки зборови: „ Човечкото срце го осмислува својот пат но, Господ управува со неговото чекорење “- тоа Премудриот Соломон го проверил врз себеси( гл. 16, ст. 9 ). И вие ќе се уверите во својот живот, дека тоа е токму така и никако поинаку. “ Никому не го наметнувам своето мислење но, длабоко сум убеден дека отец Јован е еден од оние малку по број луѓе, кои живеат во нашево време и на кои Господ им ја открива Својата Божествена волја, за конкретни лица и случки, кои се случуваат во Црквата и во светот. Сигурно е тоа најголем одраз на љубовта спрема Бога и предаденоста кон Неговата света волја и која Господ како одговор му ја открива на подвижникот христијанин за судбината на луѓето, и го прави таквиот човек свој пријател.


Повторувам, никому не го наметнувам своето мислење до кое сум дошол врз основа на многуте животни случувања поврзани за отец Јован. Не мислам само јас така. Моите најблиски духовни пријатели, сега покојните отец Рафаил и игуменот Никита, кои и ме запознаа со отец Јован, во прв ред, Му се заблагодаруваа на Бога за тоа што, нивниот духовник е оној човек, кому му е откриена волјата Божја, и секој од нас тоа преку искуството го испита на себеси. Иако за жал, како што тоа често се случува во животот, ние дури и тогаш кога ја знаеме волјата Божја, не наоѓаме сила и одлучност да ја исполниме. Но, за тоа подоцна. Се запознав со отец Јован во есента, 1982 година, кога веднаш, после моето крштение допатував во Псково – Печерскиот манастир.

Тогаш, си размислувам, дека тој на мене не остави некој посебен впечаток: Многу добар старец, многу снажен ( тогаш имаше само 72 год ), вечно некаде брза, вечно опкружен со мноштво поклоници. Аскетски построги и повеќе монашки изгледаа другите жители на манстирот. Но, помина сосема малку време, кога јас почнав да разбирам, дека тоа старче го претставува оној, кого во Русија одамна го нарекуваа старец – многу ретка и драгоцена појава во Црквата. Довербата и послушанието – е главно правило во односот помеѓу христијанинот и неговиот духовен отец. Секако дека не можеме во односот со секој духовник да покажуваме целосно послушание. Такви духовници се реткост. Тое е всушност многу чувствително прашање. Кога неразумните свештеници си вообразуваат дека се старци, а нивните несреќни духовни деца, земаат на себеси, не по своите сили и не својствено на нашето време, апсолутно послушание спрема нив, често се случуваат тешки духовни и животни трагедии.

Секако отец Јован никогаш не диктираше и никого не принудуваше да ги слуша неговите духовни совети. Човекот, кон слободното и непретвореното послушание, го приведуваат времето и искуството. Тој никогаш себеси не се нарекуваше старец. Кога за тоа ќе му говореа, ќе се насмевнеше и ќе речеше дека денес нема старци, туку има само искуствени старчиња. Тој и до денес е со такво убедување, всушност исто како што сум јас убеден во тоа, дека Господ во неговиот лик, ми го испрати мене вистинскиот старец, кој ја познава Божјата волја за мене и за мојата животна ситуација, во врска со моето спасение. Се сеќавам, додека бев млад послушник, во манастирот ми пријде еден поклоник – Московјанец и ми раскажа приказна, на која тој всушност бил сведок. Отец Јован опкружен со поклоници брзаше преку манастирскиот двор кон Црквата. 
Се случи ненадејно да му претекне некоја жена со тригодишно детенце во рацете:
 „ Отец, благословете ја операцијата, Московските лекари рекоа дека е итно. “ Тогаш се случи тоа од кое беа потресени и поклоникот, кој ми раскажуваше за тоа и самиот јас. Отец Јован застана и одлучно рече: „ Во никој случај. Тој ќе умре на операциониот стол. Моли се, лекувај го, но операција немој да правите во никој случај. Тој ќе оздрави. “ Го прекрсти детенцето. Седевме со поклоникот и се ужаснувавме од своите помисли, претпоставувајќи: што ако отец Јован погрешил? Што ако детето умре? Што ќе направи мајката со отец Јован, ако така се случи? Да се посомневаме во отец Јован за грубото спротивставување кон медицината, кое, иако ретко, сепак се среќаваше во духовната средина, ние секако не можевме: знаевме многу случаи, кога отец Јован и благослувуваше и убедуваше за операција. Меѓу неговите духовни деца, имаше и многу лекари. Ние во ужас очекувавме, што ќе се случи понатаму. Дали во манастирот ќе се појави мајката совладана од тагата и ќе направи скандал, или такво нешто нема да се случи, како што претскажа отец Јован?
Судејќи по сé, така и беше, бидејќи отец Јован како и претходно го проаѓаше својот секојдневен пат помеѓу ќелијата и Црквата, опколен со поклоници, кои беа исполнети со надеж и благодарност. Нам ни остана, единствено да претпоставиме, дека отец Јован ја познал промислата Божја за ова дете, превзел огромна одговорност за неговиот живот, па затоа и Господ не ја посрамил верата и надежта на својот верен слуга. На овој случај се сетив 10 години подоцна, во 1993 година, кога се случи многу слична случка. Од една страна, по човечки – трагичен, а од друга страна, по молитвите на отец Јован, послужи за вечно спасение на христијанските души, а и како длабока поука за сведоците на овој случај. Обично при цврста убеденост во исправноста на своите совети, отецот се трудеше да наговори со совет, да убеди, па дури и да ги замоли да го исполнат она што тој го знаеше, а кое му е потребно на човекот кој му се обратил. Ако овој, упорно настојува по свое, тогаш отецот обично ќе воздивнеше и ќе речеше: „ Па што да се прави, пробајте “; „ Правете како што сакате “.
 Секогаш, колку што мене ми се познати слични случаеви, оние кои немаше да ги исполнат мудрите духовни совети на отецот, на крајот од краевите за тоа горко ќе се покајуваа, и по правило, ќе доаѓаа кај него следниот пат, со цврста одлука, да исполнат онака како што тој би кажал. Отец Јован со постојана љубов, и сочувствителност ги примаше овие луѓе, не жалејќи го времето за нив, и со сите сили се трудеше да ги исправи нивните грешки. Во Москва живееше, необична, интересна и достоинствена жена Валентина Павловна Коновалова...Таа беше вистински Московски трговец, за неа би можело да се каже како да слегла од сликата Кустодијева. Во почетокот на деведесеттите имаше 60 години. Беше директор на голема продавница на проспектот мира. Полничка, со низок раст, седеше на масата на работа, а позади нејзиниот грб стоеја дури и во оние тешки советски времиња, големи икони, а на подот во ормарот на масата за пишување стоеше голема пластична вреќа со пари, со кои таа располагаше по своето мислење, ги испраќаше потчинетите да купуваат товари со свежо овошје, даруваше на сиромашните и странците кои во голем број доаѓаа во нејзината продавница. Потчинетите се плашеа, но ја сакаа. Таа во Великиот Пост, правеше општ собир, токму во нејзината канцеларија, на кој со стравопочит присуствуваа и работниците во центарот, татарите. 
Често во тие години на немаштија, доаѓаа кај неа московските намесници, па и архиереите. Некои таа воздржано ги почитуваше, а кон другите, чие мислење во врска со „ екуменизмот “ не го одобруваше – беше дури и груба. Многу пати по послушание патував со голем камион од Пецор во Москва по храна за манастирот за Пасха и Божиќ. Валентина Павловна многу топло, мајчински, нé примаше нас, послушниците, и ние со неа се спријателивме. Уште повеќе со тоа што за нас омилена тема на разговор беше – нашиот заеднички духовен отец Јован.
Внимавајте, отецот беше единствениот човек на светот од кого Валентина се плашеше, кого бескрајно го почитуваше и сакаше. Два пати годишно, Валентина патуваше во Пецор со своите најблиски службеници, каде што постеше и се исповедаше. Во тие денови, не би можеле да ја препознаете – кротка, тивка и срамежлива. Таа во ниеден случај не потсетуваше на „ московска владетелка “. Кон крајот на 1993 година, дојде до некои промени во мојот живот, бев поставен за намесник на подворјето на Псково – Печерскиот манастир во Москва – сегашниот Сретенски манастир и често престојував во Пецор. Валентина Павловна имаше болки во очите, ништо особено, старосна катаракта. Еднаш таа ме замоли да испросам благослов од отец Јован за отклонување на катарактата на Фјодоровскиот институт. Одговорот на отец Јован малку како да ме зачуди: „ Не, не, во ниеден случај. Само не сега, нека помине некое време. “ Следниот ден, буквално ѝ ги пренесов овие зборови на Валентина Павловна. Таа многу се нервираше: Во фјодоровскиот институт, веќе сѐ беше договорено. Таа му напиша на отец Јован опширно писмо, повторно барајќи благослов за операцијата и му ја објасни ситуацијата, дека тоа е всушност ситница на која не треба да ѝ се полага некое внимание. Отец Јован, како и таа, знаеше што е операција од катаракта, и дека таа не претставува голема опасност. Но откако го прочита писмото на Валентина, многу се вознемири. Ние долго седевме со него и тој ме убедуваше, дека е неопходно да ја убедиме Валентина Павловна да не оди сега на операција. Тој повторно ѝ напиша, ја молеше, по својот чин, како духовник, дури и ѝ нареди да ја одложи операцијата. 
Кај мене нештата се одвиваа така, што имав само две недели слободни. Повеќе од десет години не бев на одмор и поради тоа, отец Јован ме ослободи да одам две недели на одмор на Крин, во санаториум, и секако со себе да ја поведам и Валентина Павловна.

Затоа, тој ѝ напиша во писмото, дека операцијата треба да ја направи месец дена после одморот. „ Ако ја направи сега операцијата, ќе умре “, тажно ми рече кога се поздравувавме. Но, во Москва согледав дека таа ја „ удри косата од камен “. Валентина Павловна, изненадно, веројатно прв пат во животот се побуни против волјата на својот духовник. Патувањето на Крим, најнапред одлучно го одби но, подоцна, како што тоа изгледаше, се смири. Што се однесува до операцијата, беше крајно збунета, дека отец Јован за „ некои ситници “ воведува забрани. Јас започнав да ѝ зборувам за патувањето и дека најбрзо треба да отпатуваме на Крим. Поминаа неколку дена, јас добив благослов од Неговата Светост за одмор, резервирав две карти, што во ова доба на годината не беше тешко да се добие, и го повикав центарот на Валентина Павловна за да ја известам за нашето патување. – Таа е во болница на операција – ми рече нејзиниот помошник. – Како?! – извикав. Тоа отец Јован категорично ѝ го забрани. Се покажа, дека пред неколку дена, кај неа дошла некоја монахиња, и дознавајќи за нејзиниот случај со катарактата, бидејќи била лекар, не можела да се сложи со отец Јован, и решила да земе благослов од еден од духовниците во Троичко – Сергиевата Лавра. Добиле благослов и тргнале во Фјодоровскиот институт, решавајќи, откако ќе пројде брзата и нималку сложената операција, да тргне со мене на пат за Крим. Ја припремиле, но за време на операцијата, токму на масата, дошло до тежок инфаркт и потполна парализа. Штом дознав за тоа, веднаш го повикав манастирскиот економ во Пецор, отец Филарет, стариот ќелијник на отецот. Отец Јован, во посебни случаи, се спушташе во ќелијата на отец Филарет и го користеше неговиот телефон. – Како така можете, зошто вие мене не ме слушате? – само што не заплака отец Јован, - бидејќи ако јас нешто тврдам, значи јас знам што правам! Што можев да му кажам? Го прашав отец Јован што треба да направиме сега. Валентина Павловна сé до сега не беше при свест.


Отец Јован рече да се земат резервните Свети Дарови од Црквата и штом Валентина дојде при себеси, веднаш да отидеме кај неа, за таа да се исповеда и да се причести. По молитвите на отец Јован, Валентина следниот ден се освести. Роднините веднаш ме известија за тоа, и за половина час бев во болницата. Валентина Павловна ја доведоа кај мене, во еден од одделите за реанимација, на огромен, метален, подвижен кревет. Таа лежеше, сосема малечка, под белото платно. Не можеше да зборува, туку само кога ме виде, заплака. Но, и без зборови, мене ми беше разбирлива нејзината исповед и за тоа дека му подлегнала на непријателското искушение во непослушание и недоверба кон духовникот. Прочитав над неа разрешна молитва и ја причестив. Се простивме. Следниот ден уште еднаш ја причести отец Владимир Цувикин. Многу брзо по причестувањето, таа умре. По старото Црковно Предание, душата на човекот, која се удостоила за причест во денот на смртта, доаѓа до Престолот Господов без митарствата.

Така се случува или со големите подвижници, или исклучиво со луѓето со чисто срце, или со оние кои за застапници имаат силни молитвеници. 
Историјата на препородот на Сретенскиот манстир е неразделно поврзана со отецот архимандрит Јован.  Во таа 1993 година, дојдов кај отец Јован со голем број проблеми. После долгиот разговор во неговата ќелија, отец Јован не ми кажа ништо одредено, така што ние побрзавме на свечената служба пред празникот на светиот архистратиг Божји Михаил. Отец Јован се молеше во олтарот. Веќе бев спремен да се облечам и да одам на акатист, кога отец Јован во буквална смисла истрча од олтарот, и земајќи ме за рака, радосно рече: - Ти ќе основаш метох на Псково – Печерскиот манастир во Москва. – Отец, но Неговата Светост Патријархот не благослови отворање на метоси, освен ставропигијални манастири. Неодамна еден манастир му се обрати на Патријархот со таква молба, и Неговата светост одговори дека ако ги даваме манастирите како метоси на сите манастири кои сега се отвараат тогаш нема да останат парохиски цркви во Москва. Но, отец Јован ништо не слушаше. – Не се плаши од ништо! Оди кај Неговата Светост и замоли го да се отвори метох на Псково – Печерскиот манастир. Тој, усрдно, како што секогаш правеше, ме благослови и мене не ми преостана ништо друго, освен да ја целивам неговата десница и во сé да се предадам на Волјата Божја и на неговите свети молитви. Сé беше така како што рече отец Јован. Не без малку страв, секако, ја изразив молбата на Неговата Светост Патријархот за отворање на епархиски метох на Псково – Печерскиот манастир. Но, Неговата Светост, изненадно, многу милостиво се однесуваше кон оваа молба, ја благослови оваа одлука, и веднаш ја предаде на оглед на владиката Арсениј и на отец Владимир Диваков за да се спроведе на дело. На тој начин, во Москва се појави единствениот метох кој не беше ставропигијален манастир, а кој потоа, се претвори во автономен манастир но, кој никогаш не ја изгуби духовната врска со Печорите, ниту со отец Јован.

Архимандрит Тихон ( Севкунов ) 


opciones binarias 20 com
köpa Viagra i sverige flashback Аудио
opções binárias reclamações Аудио
handla med binära optioner flashback yasmin ve köpeği oyunu http://mployee.nl/{itemURL} binaire opties handelen jqoption استعراض الموقع الكتب binary options forex brokers http://www.studio-asnieres.com/?serimepoke=estrategia-segura-opciones-binarias estrategia segura opciones binarias come fare treding http://www.okna-vrata.cz/?duwlja=bin%C3%A4re-optionen-zypern&625=95 binäre optionen zypern grafici m5 opzioni binarie